Одамна во Гостивар не се памети наеднаш да бидат отворени и да се вработат над 100 работници. Овие работни места ги отвори мултинационалната компанија „Монтенегро“ од Гостивар. Пред два месеца беше отворен супермаркет на површина од 430 квадратни метри, а денеска ќе биде пуштен во употреба „Мегамаркетот Монтенегро“ на површина од 1.300 квадратни метри. Во двата маркета се вработени млади лица со завршено средно образование, како и со високо и вишо образование. За реализација на овие два зафата беа вложени над 2 милиони евра. Гостиварци го поздравија потегот на „Монтенегро“ да инвестираат и да отвораат работни места. Според нив, овој пример треба да им послужи на другите гостиварски бизнисмени да вложуваат во своето родно место.
Одамна во Гостивар не се памети наеднаш да бидат отворени и да се вработат над 100 работници. Овие работни места ги отвори мултинационалната компанија „Монтенегро“ од Гостивар.
Пред два месеца беше отворен супермаркет на површина од 430 квадратни метри, а денеска ќе биде пуштен во употреба „Мегамаркетот Монтенегро“ на површина од 1.300 квадратни метри. Во двата маркета се вработени млади лица со завршено средно образование, како и со високо и вишо образование. За реализација на овие два зафата беа вложени над 2 милиони евра.
Гостиварци го поздравија потегот на „Монтенегро“ да инвестираат и да отвораат работни места. Според нив, овој пример треба да им послужи на другите гостиварски бизнисмени да вложуваат во своето родно место.
„Монтенегро“ е македонска семејна компанија, формирана во далечната 1963 година во Никшиќ, Црна Гора, од долнојеловчанецот Војин Пејчиноски-Војне. Желбата на основачот била името на фирмата да го носи на државата каде што го спечалил капиталот и го почнал бизнисот. Војне ја имал судбината на многу негови другари и врсници, како момче да замине на печалба во Црна Гора, кај своите најблиски каде што почнал да го учи занаетот за производството на тестенини.
„’Монтенегро‘ до 1988 година успешно опстојува на црногорскиот пазар, кога основачот, татко ми Војне, одлучува да се врати дома и во родниот крај за да го продолжи и прошири бизнисот заедно со мене и со брат ми Љубе. Во мај 1988 година го отворивме првиот приватен маркет“, вели Јован Пејчиновски. Со вклучувањето на младата генерација на семејството Пејчиноски, на браќата Јован и Љубе, фирмата обезбедува напредок во работењето, а за кратко време семејниот бизнис го прошируваат и со трговија со мебел. Отворени се два ексклузивни салони за мебел „Монтенегро“ во Гостивар и во Скопје, и е ексклузивен застапник на повеќе од 15 реномирани италијански производители на мебел. Оваа фирма секоја година го проширува бизнисот. Така, во 1998 година беа отворени дистрибутивни центри во прехранбената индустрија. Сопствениците браќата Јован и Љубе Пејчиноски, со голема посветеност на работата, постојано настојуваат да ги реализираат плановите за развој и усовршување на компанијата. Тоа резултира со проширување на бизнисот и надвор од границите на Македонија. Во 2007 година ја купуваат српската млекарница „Маестро“, со што „Монтенегро“ станува мултинационална компанија.